печалба (ж.)
Тука од сите заборавено живееше едно мошне сиромашно семејство: старец и старица, со козле, децата одамна им беа на печалба, ни трага ни глас од нив со години.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Меѓу нив и такви кои штотуку се вратиле од печалба и сноват нови сонови за заработка во туѓина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вие сте едни браќа или братучеди, што бевте тргнати божем на печалба, нели?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Првиот муштерија од суеверие не се испушта, па макар нешто да се продаде и без печалба.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мислеше на туѓинецот- градител што умре и на сиромасите што ќе ја јадат неговата печалба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И невестата ја учам да зборува грчки, бидејќи наесен планираме да одиме во Грција на печалба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Порано Петко немаше којзнае каква печалба, но откога избувна Втората светска војна, работичката му тргна многу напред. Особено откога дојдоа Италијанците и Германците.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Татко ми еден век истера во Стамбол на печалба. Се врати дома без грош.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Посакав да ја оставам неа заклучена зад резето на зборот да чека како жена што чека од печалба и војна од глуви талкања верна на обрачот на љубовта моја и на својата надежда.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Диме расправа што го натерало на печалба. Се одделил од татко му.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Налет нека е таква печалба! Поарно без неа, отколку со неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Животот на печалба Оние од Сурдилица носеа печени пилиња, печеница, салами и обилно се гоштеваа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од десет години брак, девет сум на печалба. Една година само со жената и децата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)