пие (несв.)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И пиеја. Зафати едно општо пиење во селото и во пиење бараа одишка од напнатоста.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Таквите уште си мислат Дека е најважно што си каснал пред спиење Па откако ќе видат дека од кркање не се прават сонови Се отепуваат пиејќи апчиња за спиење и против запек Пред тоа одат и на фитнес и на тенис Ама од тоа не се крепи ни сон ни пенис
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Фонтана. Да блика водичка, да шурка, убаво да биде, свежинка да шири, жедните да застануваат, да пијат, да се разладуваат...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тоа беше едно мало шише во кое имаше некаков лек што го пиела мајка ѝ кога била болна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Напати најмладиот од нив бојазливо ќе ја спомене чајџилницата и благата напивка од која пиеја.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А кој верувал некогаш дека и со душманот од иста чаша ќе пиеш вода?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Шприцери пијат тие што сакаат да ждригаат, јас таквите не ги трпам. - Добро, голо вино.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Згора на сѐ пиеше со позајмени пари од другар му кој беше лихвар.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Пиеше сега во својот стан и смуртено го славеше роденденот на својот гостин.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кафето го пиеја на балконот и ни забранија да слушаме што разговараат.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И само ти се суши устата и те тера да пиеш вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)