пита (несв.)
Гладот ќе те натера и смртта да ја молиш, и од неа да питаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ова се Цигани- чергари, тие што шетаат низ светот, немаат ни татковина, ни дом, и крадат деца, па потоа ги продаваат во Италија, а таму, газдите што ќе ги купат ги малтретираат, ги осакатуваат и ги тераат да питаат по улиците – објасни Снеже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Скитам и питам по туѓи дворишта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Петко слуша, ги запланува рацете на пламенот, потшмркнува, ги брише седите мустаќи и кротко одговара: — Сполај му на господ, Ристе, здрави сме и живи на саатот, здраво живо од сете на кој пита кој праша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Онака, господине, милостина да питам, можеби некој барем за леб ќе ми даде.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Родна Караколева им рече Не знам, не го видов откако го кренаа од калта, питајте во вагонот кај Чана!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Чудно, - ми вели, - јас не питам. Што ми давате пари?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Што е било? - пита штете, гиздави девојки, мене, лада сиромаха, скитника без рода.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)