плашлив (прид.)

Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена, измамена од гласот на далечината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гласот му беше плашлив и кога протестираше, тоа го правеше придушено како да потиснуваше нешто во себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И таму лежи човек и плашливи одблесоци од батеријата отскокнуваат по лицето и рамото, се лепат на каскетот, покриен со танок слој земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Далеку во морето оживува и се ниша плашлива светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гусакот, осамен и плашлив, ја напушта барата и бега по тесниот канал.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Од тоа време позорникарите добиле толку голем страв од мртовците, што одбегнувале дури да ги фаќаат и живите, туку само оддалеку подвикнувале: „Еј, ти, гледај си го својот пат!“ – и мртовецот- чиновник почнал да се појавува дури и преку Калинкиниот мост, ширејќи голем страв врз сите плашливи луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Или пак затоа што станувале глупави и арогантни и не успевале да се приспособат на променетите околности, па биле соборувани; или пак станувале либерални и плашливи, правеле отстапки кога требало да употребат сила и повторно биле соборувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тие што имаат плашливи гради под црвените блузи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дека ја сака власта затоа што луѓето од масите се немоќни, плашливи суштества, кои не можат да ја поднесат слободата или да се соочат со вистината, и дека затоа мора да бидат управувани и систематски мамени од други, посилни од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да знае земјава да зборува, вели Мисајле Ковачот, не ќе може да докаже, ама нема е. Се спомнуваат силни војски и плашливи војски, се бара правина на кривина, а маката останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Според него, тој бил плашлив и недораснат да ги води запрегите и, освен Кукулино, познавал уште само неколку села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скромен сум и повлечен, по природа не сум плашлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дека каде и да се ќе излезат сигурно на сртовите, сите оние итроноги и плашливи козички, дека тие не ќе можат да не излезат за да прошетаат по тие сртови пред огрејсонцето во едно такво разденување. Знаеше дека секогаш доаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ве молам, давајте му кураж... Многу е плашлив. Откако се зедовме, само се плаши...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Финиот господин со долг, бел шал и мазно лице заличува на клошар, жената во години, со плашлива насмевка, на заплашена студентка. Свечената литургија започнува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Поткачен на одарот, Арсо го прилепуваше увото на железото и наежавено ги прислушнуваше плашливите нијанси на човечката онеправданост и мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, за да се одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива, покорна пред слободата трепетливост на машките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе