потфат (м.)
Значи, тој беше го открил. Знаеше дека страда. Уште повеќе знаеше дека тоа страдање ќе го доведе до луди потфати.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Љубовта е најдобро покритие за потфатите од оној вид каков што беше вашиот во врска со Еврејското злато.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Од една страна, нѐ поддупуваа кон востание, од друга ние сме млад народ и се занесовме со еден незрел потфат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Други му велеа да не се откажува, зашто тој потфат има огромно значење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во традицијата на балканските класици Луан Старова успева овде да оствари еден мајсторски потфат а несомнено ни резервира и други бисери од овој жанр: Времето на козите е само една книга од една трилогија, која, пак, се вклопува во еден уште пообемен циклус...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Бидејќи однесувањето не е секогаш предвидливо од листингот на програмот, имплементацијата на комплексни системи е на многу начини емпириски потфат сам по себе.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Немаше потфат што сакаше Сулејман да го преземе, а да не му го изложи на Мехмед и да се советува со него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сега и јас сум вмешан. Не сум сигурен колку можат да бидат разумни необмислените потфати.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во овие два смели потфата, дневникот и каталогот, тој ретроспективно го следи својот уметнички развој, досегнувајќи до самите корени на сопствената креативност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ни моите потфати овде не се први и единствени.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Корисниците на компјутери учат како да си создадат приватни стварности, но најчесто тоа е осамен потфат. Седат сами и се ѕверат во „Сајберијата“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Прво - прифати Барѕотас - во таа смисла, што ти добро го познаваш теренот и располагаш со способности да организираш еден таков потфат кој бара преземање сериозни чекори за да се спречи евентуалното праќање војска од Костур, која би можела да ја пресече колоната...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чудесен потфат да се создаде творба Високите талази на желбите да се збиднат!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но бидејќи зима и бидејќи неуки и некадарни за вакви големи потфати, место преку граница, беше слегле во нашите места, кај бројлинските падини до езерото, сосема измрзнати.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Зелениот дијамант е пасивен во однос на сите цивилизациски збиднувања, тој е потполно незаинтересиран за човечките потфати сѐ до оној момент додека тој самиот не стане центар на интересирање на човековата алчност по моќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но, ве уверувам дека се работи за навистина божествен потфат, чест е да се учествува во него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)