право (прил.)

Си мислам дека и дрвјата тргнале да одат и, идат право на нас, ќе нѐ газат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да, бре, мајката, право в очи ме гледа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Професорката ја гледаше токму неа, право в очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мислам, не ми беше право, иако жената е створена таква, сѐ да може да поднесе трипати повеќе одошто мажот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не гледај никаде Право в земи гледај Во утробата на оваа планина легни Длабоко закопај се Друг да се родиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мојот пат е право пред мене преку сите оние деликатни кривини чие пронаоѓање е клучот за загатката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во животот има две алтернации Она што го одбираш и она што го одбиваш Сакаш чини метонимии или алитерации Двојно губиш одошто добиваш И да се во право твоите аргументации
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Со галоп влета право во морето и како бран се понесе кон давеникот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ева, ручекот е готов - извика нејзината мајка од прозорецот кој гледаше право во лулашката.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ќе ти скокнат право в лице и ќе почнат да копаат низ него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При седнувањето судијката ме погледна право в очи, речиси во исто време кога адвокатот ми се доближи до увото и ми шепна нешто неразбирливо.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
При тоа можам право да расудувам, со чист разум и чисто срце.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ластовиците ја напиша тужбата и му ја однесоа право нему.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го кренаа внимателно и видоа дека гледа право долу во аурот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе