правилно прил.
правилен прид.

правилно (прил.)

Значи острото око подразбира правилно поставена- точна – прецепција, вистинска согледба на нештата, точно во тој момент- без тоа не бидува ништо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Та нели искушенијата ваши само покажуваат дека Бог правилно ве проценил и оти вистина сте достојни да го наследите царството Негово, за кое и страдате?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Требаше толку таини колку што имаше затвореници и правилно им го делеше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Настаните што се развија досега ни покажаа јасно колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи оти постапуваме правилно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но дали денешното гледиште е правилно?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако постапат правилно без сообразување со религиозните потреби, ќе направат насилство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние така ја сфативме својата работа и мислам дека постапивме правилно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Скокам на јаже и сега, со моето заљубено мало (големите веќе не скокаат, носат штикли) и не можам вистински и правилно да ја посоветувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Само штом ти велиш дека можеш да работиш сам, тогаш нема потреба, а не е ни правилно да губи и некој друг тука, фактички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, тоа што ова тело функционира принудно и автоматски, под примат на програмите за одржување на видот, не значи дека функционира помалку правилно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А кај нас, резонираше Чанга, навистина се посебни условите во изградбата на социјализмот, па затоа козјото прашање треба правилно да биде решено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби беше правилно предупредувањето на Агна, кое ми го соопшти откога ѝ пишав за почетокот на работата на бунарот, дека е подобро да не се сообразува човек со желбите, како да се исполнети, пред да види што вели животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Смешната желба „да се биде правилно сфатен и одобрен“ почесто се изразува во младоста, кога животните пријатели се чинат далеку или не ги ни бараме поради привремената семејна идила којашто ги диктира приватните настани од гледиште на својата ефикасност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Професори главни просветители на младата нација. –продолжи таа –Ги подигаме, мораме да мислиме како: Психолошки правилно да ги насочиме, да го поднесуваме нивниот бучен темперамент и што ли уште не.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И наеднаш, и нему за чудење, клопчето на мислите почнува да се отточкува само од себе, спокојно и правилно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со нив излегуваше од фурната и пријатниот мирис на топлите печени лебови што се димеа на тезгето, поредени правилно и строго, како добри војници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Човекот никогаш не е сигурен дали мисли правилно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе