реално (прил.)

Реалноста никогаш не е таква во моментот кога вие сметате дека реално ја доживувате.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш можете пореално да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Идеите често успеваат да ја уништат реалноста и реално да триумфираат над фактите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми сега почна да размислува за купување коза и реално, конкретно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Присуството на мајка ми го тераше да размислува за козите не само филозофски туку и крајно конкретно, реално, каков што беше и самиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие тогаш на настанот му придадоа симболично, но и реално значење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И поддршката за владејачката структура се бараше и, особено во раните периоди, се добиваше не врз основа на реално- сработеното, туку врз основа на ветувањето дека токму таквата политика во неодредената иднина ќе доведе до потекување на мед и млеко.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станува збор за една млада девојка - учесник во реално шоу.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реално гледано, далеку од секакви дипломатски химери, беше јасно дека се изложував на голем ризик, на опасност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Роботичкото телеприсуство доведува до правовремена човечка ефективност на едно реално место во светот без да има човечко суштество од крв и месо на таа локација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога некој би ставил камера во главава, тоа би било вистинско реално шоу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имено, во име на апстрактната „флексибилност на пазарот“ реално се жртвувани животите и благосостојбата на илјадници живи луѓе – па нашиот сон за бизнис рај, се претвори во работнички пекол!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Денес на тоа прашање не е веќе можно да се одговори: реално и субјективно, сум човек, виртуелно и практично, сум машина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И така претседателот Франсоа Митеран на последната средба со Бургиба, му префрлува на стариот волк дека земјата, и покрај тоа што оствари голем цивилизациски и економски напредок, создаде високи технократски елити кои успешно комуницираат со европските институции, посебно со француските, меѓутоа земјата уште повеќе би напредувала доколку и реално во неа заживее мултипартиската демократија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бегство од депресија која убива е тешко. Не помага, хемија, ни љубов, ништо реално, мозокот не собира.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Со новите технологии може математички да се визуелизира поим што реално не мора да постои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Инаку, во моментов, има три полициски синдикати кои го покриваат неговиот сектор, но –  според него –  ниеден не е реално активен во однос на правата на работниците, првенствено поради политичките влијанија и притисоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе