рез (м.)
Кога видоа дека не можат, ѝ направија царски рез и ѝ го извадија детето здраво и живо.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Високо специјализираните професии се најдоа на списокот на забранети улоги, откако една професорка по филозофија, чија пасија беа медицинските енциклопедии, доживеа тешка траума присуствувајќи на операција на слепо црево, каде од неа беше побарано да го направи првиот рез.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Мајка Ервехе најсилно го чувствуваше во душата резот на границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Оваа постапка постигна врв во Јаже (1948), во кој нема резови; може да се каже дека целиот филм, поради постојаното движење на камерата, е еден единствен долг кадар (Составен е, всушност, од осум кадри по десет минути - еден кадар за секој колут).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Да се присетиме просто, во груби црти, на фактот дека револуцијата на идеите, резот - „епистемолошки, како што се вели - чиј што најинтензивен момент можеме да го врземе за времето околу 1913. година, во метежот што го донесе, како во областа на математичките и физичките науки, така и во подрачјето на сензибилитетот, може во повеќе од еден поглед да се спореди со климата во времето 1480-1500, помеѓу крајот на средниот век и почетокот на ренесансата, помеѓу опаѓањето на средновековниот хуманизам и премисите на една нова култура во која се мешаат, во единствен синкретизам, томизмот и неоплатонизмот, емпиризмот и номинализмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Па има и такви што, откако ќе истрпат Исусови маки или по сите напори, завршуваат на операциска маса со „царски“ рез.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Имајте на ум дека во дијалогот, по правило, секоја пауза мора да биде покажана на овој или оној начин, или низ раскажување (на пр. „таа застана“) или низ гестови или низ некој рез што означува пауза.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И пак без врска, без ред: дали болницата наесен има поинаков мирис, скалпелот поинаков рез?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во блесокот на полната месечина По патот на вечната далечина Во сонот што со јаве се кити Восхит незнаен од неправда штити Сити се оние што не глодаат туѓо месо Од коска до коска Од рез до рез Питоми луѓе со смисла и без Во занес од воздух опиени Гласни воздишки и мирис на млека од гради излиени Вени од кои страста води од ек во ек Одек во векот разјарен крвожеден...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
На крајот, не можам да завршам а да не го спомнам она фантастично троминутно возење на камерата (без рез), кое следи по едно апсолутно генијално делче во филмот (целото трае околу пет минути, и се одвива во паузата меѓу вториот и третиот „чин“ на таа „театарска претстава“) и кое делумно потсетува и на „Готвачот, крадецот...“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Машината го имаше отворено мевот како да направила царски рез. Јас така ѝ реков, засекла царски рез!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)