свртен прид.
сврти св.

свртен (прид.)

Јас сум им свртена со тилот, не знаат дека ги видов на огледалото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше кучешка муцка која се обидуваше да се насмее, но никогаш не го правеше тоа, задржувајќи ги кисело развлечените усни како оптегнат ластик подготвен во секој миг да се ослободи од стрелата свртена кон оној што беше пред него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светкаат ко свртени метални парички и го пропуштаат сонцето кон нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така е и со враќањето од туѓина, свртената страница си останува свртена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ирина е свртена кон прозорецот и ја пувка цигарата, а Жења клекнала зад неа и плаче ко дете за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во светлината на прозорецот од спротивната страна на улицата тој гледа жена свртена со грб кон улицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бегот ја држеше пушката свртена кон нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа нареди на десниот глужд на Ирис да се постави камера свртена нагоре, кон нејзиното меѓуножје, со образложение дека мора да постои врска меѓу срамните влакна на Ирис и влакната од брадата на мажот ѝ.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Додека седевме чекајќи јагулите да заминат ѕвездите бдееја високо секоја кон својот мрак свртена.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Големата река од едната страна на стопанството Острово толку многу се смали што дури и децата ја прегазуваа на најширокиот дел, а каналот оти постојано свртен кон пиперките и доматите речиси остана без вода од мовчето преку кое се влегува во населбата внатре па сѐ до спојот со реката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само мртвата глава има конечен изглед: свртена е во своето вистинско лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги закреваа рацете свртени еден кон друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, кој ја губеше среќата која беше таа со грб свртена карлица на кралица и на метреса, кој рамнодушен не те оставаше не знаев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одам кон џипот, а со лицето уште сум свртена кон него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе