сериозно прил.
сериозност ж.

сериозно (прил.)

Па не мора толку длабоко да се навлегува и сѐ да се сфаќа сериозно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Де, де, не радувај се толку! Некакви „овесари“ се! - тврдо и сериозно рече старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги слушав двајцата како се докажуваат меѓу себе и се чудев како сериозно беа внесени во својот мафијашки филм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ќе подушка по грмушките, ќе крене една задна нога, ќе ја крене сериозно и главата и ќе се помоча на дрвцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е единствениот обид на сериозно сидрење на визуелните уметности во технологијата и психодинамиката на стварното и виртуелно исчезнување, една од ретките културни пракси која се обидува да го исправи општото отсуство од дискусии за деструкцијата во општеството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека мавташе механички напред назад со рацете, со израз на сериозно задоволство на лицето, што се сметаше соодветен за време на физичкото размрдување, тој се бореше во мислите да си го пробие патот назадечки во магловитиот период на раното детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едното белодробно крило беше сериозно оштетено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби ќе помислев дека сѐ она за што ти раскажувам, сериозно ми објаснуваше мојот сосед, е обично привидение ако не откриев овде, во ровкава земја траги од патики какви што никогаш не сум носел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе одговорат нашите: зашто Турција и Европа не сакаат сериозно реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред две недели сериозно размислував да ти ја смачкам главата со камен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас ти посакувам само со олку да поминеш, ама сфати сериозно и оди право дома да легнеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со воведувањето на оваа обврска на директорот на училиштето, сериозно се нарушува правото на штрајк на вработените во основното и средното образование, бидејќи тоа ги одвраќа вработените да го искористат своето право на штрајк поради страв дека ќе го изгубат работното место, а исто така преку оваа одредба сериозно се доведува во прашање ефективноста на штрајкот како мерка која им стои на располагање на вработените за заштита на своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кузман застана пред мене и сериозно ми подаде рака. Под неговите заби крцкаше килибарениот цигарлак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Грчот помина. Го врати белиот коњ на неговото место, но за момент не беше во состојба да се посвети сериозно на решавањето на шаховскиот проблем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе