сине (ср.)

„Јас сум стар, сине, многу ми видоа очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А целиот Балкан, сине, отсекогаш бил големо бојно поле.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мене еднаш еден ми вели, слушај сине, кажи му на тато дека се јави чичко... му го заборавив името, и ми рече да ти кажам, го измочкал камчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема да замине на пат неброени дни.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Добро сине. И друг пат ми имаш речено дека таков народ сме ние. Свртени назад. Загледани во себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, сине, знај, во оваа земја на езерата некогаш луѓето живееја во слога и во разбирање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сине, луѓето можат и откога ќе стапат во брак да се засакаат. Така најчесто и станва.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Си мислам, сине: во каква болка Некогаш ќе се витка мојата жедна душа под неколку жолти цветови - Коњот сега кајшто си сонува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Наши предци, сине, го чувале делот на патот кој минувал крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Господи, сине, зар можело некогаш да се случи и тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ване, стани сине, донеси некое дрвце однадвор! - пак се слуша гласот на мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сине на животов, не жали ја насмевката. Ти си ѝ и господар и слуга. И победник и жртва. И бегалец и прогонувач.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ти брзаш,мој сине,да земеш венец од лаври во крајот на блаженства,кај што не се знае болка и време, каде што таму, во рајот, од приказни можеш да сретнеш задоволства толку ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Таа ноќ е, сине, пеперуга бела: на макова вршка слета и се скри.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Мојата Мајка, небаре со преземениот татков глас, ми ги даваше последните совети со нејзиниот мајчин јазик на тишината: Варди се сине, насекаде демнат опасности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе