син (м.)

Не верува дека неговиот син дезертира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последната мајчина рожба виде бел ден со помош на старата Русинка, нашата прва сосетка која живееше со своите двајца синови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си биле еден цар и една царица и немале веќе четириесет и три дечиња, и не останале заедно оние триесет и деветмина синови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На челото твое глеј, желби се бројат, во срцето врело рој желби се ројат: - Да пораснеш голем, да надраснеш џин, на мама, на тато да си свиден син.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Си ја избра самотијата останувајќи како мало семејно сонце околу кое требаше да гравитираат малите семејства на преостанатите тројца синови и на ќерката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што мислиш за болката на Синот Спасител Положен на одарот што човекот го смисли За да го прикаже достоинството на смртта?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Останал синот да расте на рацете од таткото додека на десеттата година не се вратил братот на умрената жена од заточение.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Не! Не! Не! - врескаше мајка му на Јане. Не ми го земајте синот! - Сечи! Коли ја! Да не ни додеваа!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури го жртвува и својот син за големата света кауза во која веруваше по цена на многу жртви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А мајчино клето срце радва ли се радва, че голем јунак е станал син ѝ за женење...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Дали поради тоа што него го сакала ѝ се чинело дека тој син некако замислено по малку е и нејзин син, дека и таа има некакво право на него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Двајцата сопатници имаа по три сина и се радуваа дека ќе ги видат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од синови, снаи до зетовци, внуци бирократски лебарки се котат ко глувци за професионалци нема тука место швалерките стручни се во министерство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе