синче ср.
синчец м.
син м.

синче (ср.)

Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- На раат нека си ги измие главата и брадиштето- рече баба ми сожалувајќи го попот со самохраното синче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Имал млада жена и очекувал да се породи. Повеќе сакаше синче.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Остај се, бре чедо, од лошиот ајљазлак што си го фатил; остај се од тие лоши другари што не се домаќинска челад; тие те лажат, бре синче, да арчиш пари по пустина, та и ти да се осиромашиш после како нив!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И внимавај на нашето синче, богами така му реков, внимавај на него, тој е во опасно време.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Немој, бре чедо, не оди по умиштата од тие другари; слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те фати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Подоцна ѝ се роди Стојан. Синче со многу убав лик.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ти прилегам на мечка. Го водиш и синчето да се изналапа пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ѝ се роди женско — туѓа челад е, што се вели, нека крни глава, нека го ќердоса Митра; ама ако ѝ се роди машко, ќе и се обиде ако може да ѝ го дрпне, та така нејзиното што ѝ паѓа од Илка да ѝ се најде за Нешка, да си ја удоми на куќи, а Трајковото да си го остави на синчето што ќе дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Покрај губењето на популарноста, Брена во овој период доживеа голема лична траума - киднапирање на нејзиното синче.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оваа новина го заскокотка Толета и уште другата ноќ му појде на Стевана на колибата и, како нарачан, го најде и него со синчето Митрета заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
–"Ах мајче! ах татче! ах мое мило синче, и ти моја мила сестро! и ти моја мила домаќинко!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Тоа ноќе ми ја пие крвта, попусто се обидувал да се поткрене на лакот; горел и се давел. - Сета крв, синче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еве, синчево мое Петре ќе порасне, ќе дојде ред ќе се жени, ќе изроди дечиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сензибилниот слух на поетот сепак регистрира придушен кикот во левиот агол, од каде шепоти брадлестиот: „Гледај го...татино синче...поетот со тенки живци...несреќниот Едипчо...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Солзи им навираа од очите на моите деца, на моето синче и на моето ќерче, навикнати при враќањето од моите патувања да се радуваат, да ме прегрнуваат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу стока и жито се собраа од селото, некои од луѓето се разбегаа по удолните кории во шумата...го однесоа и Јанета, тригодишното синче на соседите... како јаничар: - Еве едно убаво мало! - викаше главниот. - Земете го!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Кажи, што? - Видов огнен аждер, синче. Има мека муцка и нѐ души.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тоа го стори со една единствена и подмолна цел: сите да мислиме и да веруваме оти нејзиното копиле е навистина синче на најглавниот главешина!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постарото синче Јован веќе се замомчи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе