соната (ж.)
Менталните слики создадени од прикажувањето на овие трагедии повторно излегле на површина по многу години, сублимирани, прочистени, во симфонија и соната, во миса и опера.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Сонатите на Бетовен се супериорни во однос на оние претходните, исто како и симфониите.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Како што веќе наведовме, искуството стекнато преку сонатите било применето во Првата симфонија, а секоја наредна покажува напредок.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Секое негово дело има своја приказна за раскажување; понекогаш тоа е само запис од настаните на еден ден како во Пасторалната симфонија, но раскажани со гламур на поезија и романса, така што, додека слушаме, привремено ни ја враќа младоста; понекогаш тоа е трагедија која се расплетува, како во Сонатата „Апасионата“ или во Петтата симфонија; или тоа ќе биде Увертирата „Кориолан“, таа зовриена, бурна ферментација на емоции и страст, најразновидна, најконтрадикторна, најразлична што може да се замисли.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Пред Првата симфонија, Бетовен веќе имал компонирано десетина или повеќе сонати и бил во позиција да го искористи стекнатото искуство.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Биле објавени некои важни дела, особено симфонијата „Ероика“ и сонатата „Апасионата“.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Подоцна вечерта, Бетовен свирел сосема нова соната (опус 21), која и самиот не ја владеел целосно.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Мора да се спомене и познатата Кројцерова соната, опус 47, за пијано и виолина, која е завршена пред Третата симфонија.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Покрај овие, тука се и двете виолински сонати, а-мол и Еф-дур, посветени на грофот Фрис, и помали композиции.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Хајдн и Моцарт, пак, го фасцинирале во неговите поблаги расположенија, во играта на ексцентричното, во каприциозните и забавни вообразби за кои тој дал толку убави примери во симфониите и сонатите.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Оваа година биле создадени две од најпознатите сонати за пијано на Бетовен, „Валдштајн“, веќе спомната овде, посветена на пријателот од младоста, грофот Валдштајн, и „Апасионата“, посветена на грофот Фон Брунзвик, возвишени дела што блескаат со огнот на генијот.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Набргу потоа, тој го објавил својот опус 2, составен од три сонати посветени на Хајдн, покрај варијации и помали пиеси.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Една вечер кај грофот Браун, Рис бил замолен да свири соната што не му била позната.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Покрај тоа, тука се и двете сонати за пијано во Г-дур и де-мол, опус 31, и три сонати за виолина и пијано, опус 30, од кои последната е посветена на рускиот император.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Дури и долго го одложувал пишувањето на рондото што ѝ го ветил на Елеоноре фон Бројнинг и кога конечно ѝ го испратил, тоа било со извинување што не испратил соната, што исто така ја имал ветено.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Се раскажува дека пријателката на Бетовен, Мари Бигот, ја читала сонатата „Апасионата“ од ракопис, за задоволството на неколкумина пријатели.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Сонатата „Апасионата“ била обработена, квартетите „Разумовски“ биле завршени, како и Четвртата симфонија, покрај помалите дела, така што тој не можел да поминува многу време во друштво.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Други придонеси од 1801 година се две големи сонати, „Пасторалната“ во Де-дур, опус 28, за чие Анданте се вели дека му било омилено на Бетовен и често го свирел, и онаа во Ас-дур, опус 26, посветена на принцот Карл Лихновски, што содржи голем погребен марш.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Што доаѓа потоа? 1970 година свирење на месечева соната на месечината.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)