сосе (предл.)

И тоа бргу бргу ќе стане олимписка дисциплина Сосе опасноста од разводнување заради геслото Дека било важно да се учествува кое на исток понекогаш се доживува И како изветвен еуфемизам за неуспех и предавање Тоест кршење на победничкиот дух со кој се натопени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Би ја дал целата торба сосе сите пљачки за една стомна изворска вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нека се мавне таа сотона од селово сосе онаа машина за штракање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако се противиш и сосе прст ќе ти го земат прстенот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И почнавме и паспалот сосе пајажини да го собираме по водениците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се фатив кај што сум тргнала сосе слушалката да излегувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За малце водата да го однесе сосе автомобилот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
О, да може да потоне сосе чун на езерското дно и никогаш да не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сосе ракатки зелје во рацете се крстат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едната нога му се држи само на ногавица. Ја сечат ногавицата, ја поттргнуваат и ногата му ја извлекуваат сосе алати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И си паднал човекот сосе мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таму само ќе помине покрај изгорената црква, која еве цел човечки век се моли со отворен покрив кон небесниот свод, додека камените ѕидови ѝ се раскостуваат од малтерот сосе фреските, а место иконите ѝ се читаат профани графити.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе