суво (прил.)

Воздухот стануваше солен. Се мешколеше во ноздрите, печеше суво.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Ти во оваа доба!“ Почувствува дека грлото му е суво, се напрегна: „Не ме очекуваше?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тихо е и лежи тежина врз темето и грлото го стега сувото попладне.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Го подигнува и полека го изнесува на суво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го мачеше рапава пустинска жед, лименото грло на матарката беше суво како и планинската пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да нема ништо суво на тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицето на ситната жена со песочна коса беше добило јасно црвена боја, а нејзината уста се отвораше и се затвораше како уста на риба на суво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги закачуваше испретураните коски со врвот на чевлите. и овој тажен судир на живите со мртвите тапо и суво одекнуваше во темниот простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Клечи така и липа суво и не знае кој (неговиот утрешен призрак можеби) се исправа од грчот на преврелата снага што е и не е негова и оди и се враќа со стара стаклена ламба и ја крши од вратата и ја вади ронсоновата запалка од џеб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе ги чистам тревите, бурјаните околу гропчињата. Ќе кубам треба и ќе си зборувам, ќе тажам на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седнувам и си ја земам главата да плачам. Ама пак суво. Не можам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бистриме така граматика, политика, а ветрот нѐ удира в лице, нѐ бричи на суво. Ја ваби зимата ветрот и ни ги собира очите, ни ги сменува погледите, ни ги разменува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кашлаше чудно, суво и тивко, божем му се потсмева на некој старец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дуваше југ. Неподносливата запарност го душеше грлото и под клепките внесуваше суво скокоткање. Во градите недостасуваше здив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Другото му стои суво, ништо не покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Лицето му е суво, збрчкано, рацете тврди како копита...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе