тврд (прид.)
Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Соопштението на руската влада од 11.9.1903 год. со својата енергична порака го изразува тврдиот став на Русија против Востанието во Македонија и за акција на големите сили за реформи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не беа ли тоа пипалките од чудовиштето потсечени под тврдите удари на младите бригадирци?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Го пречека шум од весели гласови и тврди удари на копачите.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Волкот го преора сиот тој тврд снег само за неколку мига.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Товарот се лизна од рамо и тресна врз тврдата земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Српот насмевнато се помрдна од ридот Штом зората во класјето зашуми со чекорот нејзин се спушти во тврдите дланки на жнеачот со нивниот ритам да пее по златните жици на нивата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трепери како твоите тврди сетила што треперат ноќе под ѕвездите.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Што можев да сторам? Стоев простум над купчето тврда земја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На нив ги немаше тврдите покриви со офицерски знаци.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Моливот му изгледаше тврд и дебел меѓу прстите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
До нив допираше нејасна врева од многу гласови, песна и тврди удари по камениста земја.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Преку десното око бргу минува тврд палец.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)