турнеја ж.

турнеја (ж.)

Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Кога престанала неговата врска со оркестарот на Електорот, тој направил професионална турнеја во Италија и Шпанија, со својот попознат братучед Андреас, и бил многу успешен.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Кyrie од Хајдновата „Царска миса“ повеќе би послужило за Te Deum, или за „Триумфална песна“, отколку како крик за помош. Kyrie во Моцартовата Миса во Бе-дур е италијанска улична песна што ја слушнал на една од неговите турнеи во Италија, ја преработил за оваа миса, и воопшто не е приспособена на зборовите.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Во најдобрите години кога ја почнал, по завршувањето излегол од изолацијата, немоќен и со скршено здравје.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Велветите никогаш не отидоа на вистинска турнеја.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)