убаво (чест.)
Убаво. Гледам дека навистина си се уморил од животот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Сѐ е тоа убаво, но не ни е згодно да слеземе в село.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Среќа твоја што и глупостите убаво ги кажуваш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас ве разбирам, убаво ве разбирам. Но животот наметнува приоритети...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Да, се сеќавам – излажав. Оти всушност не се сетив дека таа тоа ми го раскажувала, туку убаво памтев дека на тие теми разговаравме со Игбал кога летавме со килимот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ПАНДЕ: Така е, сето тоа што го зборуваш е убаво, само, една наша стара поговорка вели: „Додека не скокнеш не вели — оппа!“
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Така е, синко. Убаво речено.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)