цитирање ср.

цитирање (ср.)

Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
11.  Во романистиката е стандардизиран вообичаениот, општоприфатен, начин на цитирање на Дигестите –  постапка која стручно е позната како инскрипција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Библиографското цитирање се состои од библиографски опис којшто ги содржи сите податоци за цитираниот документ и упатувања што го поврзуваат основниот текст со библиографскиот опис.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)