шета (несв.)

Нѐ построија покрај шините, покрај чакалот и нѐ шетаат ко кучиња на мочање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шетаме по селата, организираме: им кажуваме на луѓето која линија да ја држат, да не ја пуштаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Па си зеде мечот в раце се истрча во поле да си шета лутината збрана в гради да ја отфрли сакаше сета.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Татко почнува да шета со очите по трпезата и го замалува вртењето на залакот во устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде кон средината на езерото шеташе месечевата светлина како некој одозгора да држи насочен благ рефлектор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Го шетам Министерството за надворешни работи на Југославија и на сите врати тропам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војската и полицијата не ја запреа смртта да шета по улиците на градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го шетаме од рака на рака и не го даваме на обработка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Момчињата со загноени мозолчиња залудно се преколнуваат навечер да ги потргне завесите, уште еднаш да ја видат како шета гола од соба во соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Арно ама дуовникот други пат не бил во тој вилает, за да знае да шета сам и му рекол на анџијата за да му бара некој калауз, за да го шета по селата и по градовите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Првите години малце ти е шубе и фуфка кога шеташ по улици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Долго си трепереа таа ноќ гранките крај езерото А по брегот си шеташе историјата Со твоето име и со троа месечина во рацете.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Шета со очите и ја гледа прашината што рее низ воздухот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Шетавме, божем незаинтересирани и чекавме продавачката да се сврти, да услужи некоја купувачка од страната на тезгата со панделки и разни конци и во тој миг да мавнеме по некое копче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе