јак (прид.)

Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Богословот му подаде четири фотографии и ги спружи јаките нозе задоволно замижувајќи кон сонцето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот стоеше на своите јаки нозе и се потпираше на тешка ластегарка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас тогаш бев многу јака и работата се плашеше од мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ХАИКУ Есен дојде пак верверица итрица јади орев јак.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сега пијам од дланка и при јака светлост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секој курајбер во животот сајбер јак зад компјутер во живо шалабајзер згодни на слики со фотошоп слој во град да ги сретнеш грди ко ној Брат со брат лафат на чат на интернет сите животи арчат забораваат домаќинки и ручек да прават на трачарска мрежа ломотат, гњават
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јаремот на горчливата распеаност беше јак но гласовите влечеа секој на своја страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Излитена фраза, во јак врисок за молба некој да се врати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Го жалеше Ивана и се чувствуваше како виновник за она што можеше да му биде заседа од тој поп-непоп со јоргованести лузни на голата јака черупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Според него „ако нема јак синдикат работникот не може да ги оствари своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно трагајќи се до јакиот жилав врат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Исто како во овој сив, циркуски сандак, исправен на четири јаки тркала.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе