about - онтологија

близу повеќе

Вид збор: Прилог
скоро, околу, тукуречи
Примери:
Стара мома близу четириесет години.

докај повеќе

Вид збор: Предлог
За означување на бројна приближност.
Примери:
Ќе гледаш да купиш нешто поевтино, докај педесет денари.

еден повеќе

Види и: еден (бр.)
едни
Вид збор: Придавка
Означува приближна вредност во спој со бројот два (еден-два)
Примери:
На секого по еден-два грста.

каде повеќе

Вид збор: Предлог
Приближно време.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Каде полноќ почнаа да излегуваат еден по еден.

кај повеќе

Вид збор: Предлог
Приближна бројност.
Албански: afro, përafërsisht
Примери:
Мислам дека имаше кај стотина гледачи.

околу повеќе

Вид збор: Прилог
отприлика, ѓутуре
Примери:
Плати казна од околу 100 денари.

околу повеќе

Вид збор: Предлог
Приближна временска определба.
Примери:
Штрајкувачите се разотидоа околу пладне.
со причинско значење
Примери:
Се разви жива дискусија околу човековите права.

цирка повеќе

Вид збор: Прилог
приближно, околу
Албански: afër, afro
Примери:
Имаше цирка десет проценти.