докај
Вид збор: Предлог
Ранг: 20804
1.
За означување на приближен временски период.
Англиски:
until
Пазарот свршува докај ужина.
Општинските работи се наоѓале во рацете на малобројните Цинцари докај 60-тите години.
2.
За означување на бројна приближност.
Англиски:
about
Ќе гледаш да купиш нешто поевтино, докај педесет денари.
Растојание меѓу редовите оставаат докај шеесет сантими.
Слично со:
околу (предл.)
3.
Со просторно значење - до некое место, до некого.
Англиски:
to
Отиде докај чешмата.
Се прошетавме докај паркот.
Одовде докај нив не е далеку.