about - онтологија

докај повеќе

Вид збор: Предлог
За означување на бројна приближност.
Примери:
Ќе гледаш да купиш нешто поевтино, докај педесет денари.

каде повеќе

Вид збор: Предлог
Приближно време.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Каде полноќ почнаа да излегуваат еден по еден.

кај повеќе

Вид збор: Предлог
Приближна бројност.
Албански: afro, përafërsisht
Примери:
Мислам дека имаше кај стотина гледачи.

околу повеќе

Вид збор: Предлог
Приближна временска определба.
Примери:
Штрајкувачите се разотидоа околу пладне.
со причинско значење
Примери:
Се разви жива дискусија околу човековите права.