above - онтологија

горе повеќе

Вид збор: Прилог
На повисоко место во општествената или во службената хиерархија.
Примери:
Наредено ни е од горе.

горе повеќе

Вид збор: Префикс
Прв дел во сложени зборови со значење - пред тоа, претходно, порано.
Примери:
гореспоменат, горепосочен, гореименуван

згора повеќе

Вид збор: Прилог
Врз површината на нешто.
Примери:
Носеше некаква кошула, а згора изветвено палто.

над повеќе

Вид збор: Предлог
Место што е погоре, повисоко од означениот предмет.
Примери:
Над самото село почнуваше густа дабова шума.
Од горната страна на нешто.
Примери:
Над вратата беше закачен свадбен венец.

озгора повеќе

Вид збор: Прилог
Од горната страна.
Примери:
Озгора колачот се посипува со шеќер во прав.
Од повисоко место, од повисока положба со правец надолу.
Примери:
Тој озгора гледаше сѐ што се случува.