згора
Вид збор: Прилог
Ранг: 2396
1.
Врз површината на нешто.
Англиски:
above
Носеше некаква кошула, а згора изветвено палто.
Згора над планината се стемни небото.
Направија подземно засолниште и згора го покрија со земја.
Спротивно од:
здола (прил.)
2.
По површината.
Англиски:
outside
Лебот згора се истече, ама внатре сѐ уште е жив.
Згора со фасадата куќата изгледаше како нова.
Слично со:
однадвор (прил.)
3.
Уште, дополнително.
Англиски:
more
Дедото имаше осумдесет години и згора.
Таа покрај тоа што лажеше, па згора и навредуваше.
Слично со:
повеќе (прил.)
Изрази
Згора-згора - набрзина, површно.
Згора на сѐ - покрај сето тоа, кон сето тоа, уште и.