accomplice - онтологија

јатак повеќе

мн. јатаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ги заштитувал и им помагал на комитите и ајдуците во периодот на османлиското владеење на овие простори.
Турски: yatak Албански: jatak
Употреба: Историја
Примери:
Малку се само два-тројца јатаци во селото.
заштитник на криминалци
Албански: mbrojtës i kriminelëve
Употреба: Преносно значење

јатаклак повеќе

мн. јатаклаци
Вид збор: Именка, машки род
Дејност што ја врши јатак.
Турски: yataklık
Употреба: Разговорно
Примери:
Сака ортак да му биде во јатаклакот.

ортак повеќе

мн. ортаци
Вид збор: Именка, машки род
Соучесник во недозволена, незаконска работа.
Албански: bashkëfajtor
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Тој му беше ортак во коцкањето.

соизвршител повеќе

мн. соизвршители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што извршил кривично дело заедно со друго лице.
Употреба: Правда
Примери:
Неколкумина инволвирани во случајот се осомничени како соизвршители.

соучесник повеќе

мн. соучесници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува или учествувало заедно со некого во нешто.
Албански: bashkëfajtor
Употреба: Правда
Примери:
Соучесник во акцијата.

соучесница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена соучесник.
Употреба: Правда