а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ортак

мн. ортаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8334
1. Другар во некакава работа, деловен соработник.
Англиски: partner Турски: ortak Албански: ortak
Употреба: Економија
Примери:
Тие некогаш биле ортаци, воделе дуќан заедно.
2. Соучесник во недозволена, незаконска работа.
Англиски: accomplice Албански: bashkëfajtor
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Тој му беше ортак во коцкањето.
Изрази
(посл.) Ако ми е брат, не ми е ортак - ако сме браќа, секој си работи за себе.
Изведенки
ортачка ж.
мн. ортачки