add - онтологија

додаде повеќе

додадат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, стави, направи нешто дополнително.
Албански: shtoj
Примери:
Му нареди да додаде малку мед и сето тоа да го измеша.
Рече уште нешто, дофрли некој збор.
Албански: shtoj
Примери:
Жената се смири и додаде: Ќе продадеме нива.

доѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
доѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто со ѕидање.
Албански: shtoj me muratim
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Павле доѕида уште еден кат на куќата.

дополни повеќе

дополнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже, додаде нешто при зборување.
Албански: shtoj
Примери:
Таа го дополни кажувањето на мајка си.
(се дополни) Додаде нешто во својот исказ, се доискаже.
Албански: shtoj
Примери:
Сега е сѐ смалено, си рече, и не само смалено, се дополни, туку и испразнето.

досоли повеќе

Види и: соли (несв.)
досолат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде, дополни нешто во кажувањето.
Албански: shtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
„Виното го пиевте без нас“, досоли тој.

наврзе повеќе

наврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже, назборува многу.
Албански: tregoj, rrëfej, flas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што не му наврза за неа.

нададе повеќе

нададат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде, придаде, продолжи нешто.
Албански: shtoj
Примери:
Го нададе малку фустанот.
Даде многу нешта.
Албански: shtoj
Примери:
Бабата им нададе од сѐ што се родило во овоштарникот.

надоврзе повеќе

надоврзат
Вид збор: Глагол, свршен
При зборување додаде, каже нешто.
Албански: shtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неубедливо, надоврза дека тој не се согласува.

надогради повеќе

Види и: догради (св.)
надоградува
Вид збор: Глагол, свршен
Догради над или кон нешто веќе изградено.
Албански: rindërtoj, ndërtoj shtes
Употреба: Архитектура и градба
Поразвие, поусоврши, дополни нешто што постои.
Албански: shtoj, përforcoj
Употреба: Преносно значење

настави повеќе

настават
Вид збор: Глагол, свршен
Продолжи со додавање едно на друго.
Албански: vendos, shtoj
Примери:
Го настави јажето со едно помало.

попридаде повеќе

Види и: придаде (св.)
попридадат
Вид збор: Глагол, свршен
Придаде, додаде уште малку нешто како дополнување, дополни.
Примери:
Ќе ми попридадеш ли некој денар?

попритури повеќе

Види и: притури (св.)
попритурат
Вид збор: Глагол, свршен
Придаде, прикладе уште малку.
Примери:
Тој си попритури од јадењето.

поткладе повеќе

поткладат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, додаде уште малку.
Албански: shtoj, fus
Примери:
Тој поткладе неколку гранки под огнот.

потсобере повеќе

Види и: собере (св.)
потсоберат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере малку, во мала мера.
Примери:
Има ли сето тоа врска со неговата пресуда за да му се потсоберат 18 години тешка робија?

прибави повеќе

прибават
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде кон нешто, дополни.
Албански: shtoj, plotësoj
Примери:
Кон ова ќе прибавиме уште една подробност.

привнесе повеќе

привнесат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе уште нешто, воведе дополнително.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Привнесе текст во новото издание на книгата.

пригради повеќе

приградат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто кон веќе изграден објект.
Примери:
Приградија две соби до старата куќа.

придаде повеќе

придадат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде кон нешто уште малку.
Албански: shtoj
Примери:
Ќе ми придадеш уште некоја пара?
Додаде, приклучи нешто кон поголема целина.
Албански: shtoj
Примери:
Ним ќе им придадеш двајца работници.
Додаде нешто кон исказ, текст; дополни, се доискаже.
Албански: shtoj
Примери:
Тој ѝ придаде на својата теорија некои нови сознанија.
Даде некое својство, вкус.
Албански: shtoj
Примери:
Лимоновиот сок ѝ придаде киселкав вкус на чорбата.

придодаде повеќе

Види и: додаде (св.)
придодадат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде уште некој.
Албански: shtoj
Примери:
На списокот придодадов три лица.
Додаде кон нешто уште малку.
Албански: shtoj
Примери:
Чорбата не е солена, придодајте сол.

прикладе повеќе

прикладам
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, додаде уште малку.
Примери:
Тој прикладе дрва во огништето.

приопшти повеќе

приопштат
Вид збор: Глагол, свршен
Придодаде, приклучи кон некаква целост, направи да стане дел од нешто.
Албански: shtoj
Примери:
Овие институции приопштуваат политички соопштенија до јавноста.

притури повеќе

притурат
Вид збор: Глагол, свршен
Тури, додаде уште малку.
Албански: shtie, shtoj edhe pak
Примери:
Притури му сол на јадењето ако не ти е солено.

собере повеќе

соберат
Вид збор: Глагол, свршен
Прибави еден број кон друг.
Албански: mbledh
Употреба: Математика
Примери:
Собери ги овие броеви.