а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

додаде

додадат; додадам, додај, додајте; додадов, додадоа; додал; (ќе) додадев, (ќе) додадеа; (ќе) додадел; додаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 877
1. Даде, стави, направи нешто дополнително.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Му нареди да додаде малку мед и сето тоа да го измеша.
Но, за ткаењето да биде појако, ќе ви додадам уште една нишка.
2. Рече уште нешто, дофрли некој збор.
Англиски: add Албански: shtoj
Примери:
Жената се смири и додаде: Ќе продадеме нива.
3. Подаде, даде со подавање (обично во спортски игри со топка).
Англиски: pass Албански: pasim
Употреба: Спорт
Примери:
Му додаде на левото крило.
4. Даде до крај сѐ што било за давање.
Англиски: give Албански: jap
Примери:
Вчера му ги додадов парите што му ги должев.
Изведенки
1. додава несв.
додаваат
2. додавање ср.
мн. додавања
глаг. им.