alienate - онтологија

оддалечи повеќе

оддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Се отуѓи, олади во односите со некого.
Албански: largoj, tjetërsoj
Примери:
Се оддалечи од роднините.

однароди повеќе

однародат
Вид збор: Глагол, свршен
Отуѓи некого од сопствениот народ, направи некој или нешто да го изгуби народниот карактер.
Албански: tjetërsoj
Примери:
Лошите услови ги однародија луѓето.

одроди повеќе

одродат
Вид збор: Глагол, свршен
Оттргне, оддалечи од роднини, блиски.
Албански: çfisnoj
Примери:
Мажот ѝ ја одроди од сите.

отуѓи повеќе

отуѓат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отуѓи) Престане да биде близок cо некого, стане туѓ.
Албански: largoj, braktis
Примери:
Тој се отуѓи од нас.

поотстрани повеќе

Види и: отстрани (св.)
поотстранат
Вид збор: Глагол, свршен
Одврати малку, донекаде некого од нешто или некој.
Албански: tjetërsoj, largoj
Примери:
Таа го поотстрани од другарите.

потурчи повеќе

потурчат
Вид збор: Глагол, свршен
потуѓи, поштоми, потомори
Албански: turqizoj, tjetërsoj
Употреба: Преносно значење

разотуѓи повеќе

разотуѓат
Вид збор: Глагол, свршен
Целосно, сосема отуѓи, направи да му биде некој некому отуѓен.
Примери:
Тие ги разотуѓија децата.
(се разотуѓи) Се отуѓи целосно од некој или од нешто.
Примери:
Таа се разотуѓи по заминувањето во Англија.

растуѓи повеќе

растуѓат
Вид збор: Глагол, свршен
отуѓи
Примери:
Таа го растуѓи од нас.
(се растуѓи) се отуѓи
Примери:
Тој се растуѓи од неа.