гневниот
Вид збор: Придавка
Што е исполнет со гнев, што чувствува гнев кон некого.
Примери:
Беше гневен на сите.
гневливиот
Вид збор: Придавка
Што често се разгневува, што е склон кон гнев.
Примери:
Газдата беше гневлив и често им правеше непријатности на вработените.
јадниот
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад.
Примери:
Му назборувала тешки, јадни зборови.
јадовитиот
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад.
Примери:
Неговата забелешка беше јадовита.
јадосаниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Исполнет со јад.
Примери:
Тој е јадосан од неправдата што му ја нанесоа.
Исполнет со јад.
Примери:
Неговото јадосано срце чукаше силно.
лути
Вид збор: Придавка
Силно гневен, раздразнет, налутен.
Албански:
i zemëruar, i inatosur, i hidhëruar
Примери:
Си идел дома лут.
надурени
Вид збор: Придавка
нерасположен, смрачен, смуртен
срдита
Вид збор: Придавка
Кој е опфатен од гнев, од лутина.
Примери:
Срдит човек.