лут
лути
Вид збор: Придавка
Ранг: 1684
1.
Силно гневен, раздразнет, налутен.
Англиски:
angry
Албански:
i zemëruar, i inatosur, i hidhëruar
Си идел дома лут.
Лут е на брат му.
Слично со:
гневен (прид.)
2.
Што лесно се лути, што е лош.
Примери:
лута свекрва
Има лути браќа.
3.
Што е опасен, свиреп.
Примери:
лута змија
Двете јатрви, лути кучки биле.
4.
За борба - жестоко, сурова, тешка.
Примери:
лут бој
5.
За оружје - што е остро, што добро сече, убива.
Примери:
Го погоди лута стрела.
Го пресече лут нож.
6.
Што е без мера во своите постапки, што се оддава на нешто со голема страст.
Примери:
лут бекрија
7.
Што ги надразнува органите за вкус и мирис.
Англиски:
hot
Албански:
djegës, pikant
лут пипер
лута ракија
Лутата храна делува како лек.
8.
За рана, болест - што е тешка, опасна за живот.
Примери:
лута рана
лута треска
Слично со:
опасен (прид.)
9.
За време - што е непријатно студено, остро.
Примери:
лута зима
лута осојница
Лута слана.
10.
За камен, челик - што е тврд, но кршлив.
Англиски:
hard
лут камен
лута ламарина
Слично со:
тврд (прид.)
11.
За клетва - што е тешка.
Примери:
лута клетва