applaud - онтологија

аплаудира повеќе

аплаудираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одобрува, поздравува со ракоплескање определен настап, постапка, говор и сл.
Примери:
На таква храброст секој ќе аплаудира.

заплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
заплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ракоплеска.
Албански: duartrokas
Примери:
Заплескаа сите присутни во салата.

заплуска повеќе

заплускаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плеска со рацете.
Албански: duartrokas
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Детето заплуска со рацете.

исплуска повеќе

исплускаат
Вид збор: Глагол, свршен
Удира со дланките, една од друга.
Албански: duartrokas
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Присутните исплускаа со рацете кога влезе претседателот.

плеска повеќе

плескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира дланка со дланка во знак на одобрување, одушевеност, восхит и сл.
Албански: duartrokas
Примери:
Публиката долго му плескаше на пијанистот, а тој се поклонуваше.

плуска повеќе

плускаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира, плеска со раце.
Албански: duartrokas
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Танки прсти крши Панда, / бели раце плуска.

ракоплеска повеќе

ракоплескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плеска со раце во знак на одобрување.
Примери:
Долго им ракоплескаа на артистите.

расплеска повеќе

расплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расплеска) Почне многу да плеска.
Албански: duartrokis shumë
Примери:
Што сте се расплескале вие таму?

сплуска повеќе

сплускаат
Вид збор: Глагол, свршен
заплеска
Примери:
Сплускала со раце жената.

шлапа повеќе

шлапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира со дланка, со нешто плоско, шлака.
Албански: aprovoj