а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плуска

плускаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 14316
1. Удира предизвикувајќи плусок.
Англиски: splash Албански: përplasem
Примери:
Куршуми плускаа.
Плускаат гласови.
2. удира, бие, тепа
Англиски: beat Албански: godas, bie, rrah
Примери:
(нар. поез) Колјето ја дупеа, / пратјето ја плускаа.
Камшикот го плуска грбот на коњот.
3. Удира, плеска со раце.
Англиски: applaud Албански: duartrokas
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Танки прсти крши Панда, / бели раце плуска.
Народот плускаше со рацете.
4. (се плуска) Се удира плускајќи.
Англиски: splash Албански: përplasem
Примери:
Девојчињата се плускаа во водите.
Изведенки
плускање ср.
глаг. им.