bake - онтологија

доиспече повеќе

Види и: испече (св.)
доиспечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече сѐ што било за печење.
Албански: pjek
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ги доиспеков сите пиперки.
(се доиспече) Се испече доволно, сосема.
Албански: pjek
Примери:
Јадењето во рерната се доиспече.

допекува повеќе

допекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
допечува

запече повеќе

запечат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пече храна.
Албански: pjek
Употреба: Гастрономија
Примери:
Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов.

зори повеќе

зорат
Вид збор: Глагол, несвршен
За леб - се пече на тивок оган.
Албански: piqet
Примери:
Се ширеше мирис на леб што зори.

испече повеќе

испечат
Вид збор: Глагол, свршен
Подложи нешто на печење при изработката, пред употреба.
Албански: pjek
Примери:
Испече глинени садови.

напече повеќе

Види и: пече (несв.)
напечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече во доволно или во големо количество.
Албански: pjek shumë
Примери:
Напече леб за цела недела.

опече повеќе

опечат
Вид збор: Глагол, свршен
иcпече
Албански: pjekë
Употреба: Гастрономија

пече повеќе

пече
Вид збор: Глагол, несвршен
Приготвува храна со суво греење на оган, на жар, во фурна.
Албански: piqem
Употреба: Гастрономија
Примери:
пече леб, пече месо
За печка - при загревање може да зготви храна.
Албански: piqem
Употреба: Гастрономија
Примери:
Шпоретот ни се погоди: убаво пече.

подиспече повеќе

Види и: испече (св.)
подиспечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече малку, донекаде.
(се подиспече) Се испече малку, донекаде.
Примери:
Нека се подиспече месото уште малку, живо е.

поиспече повеќе

Види и: испече (св.)
поиспечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече малку, донекаде или уште малку.
Албански: pjek pak
Употреба: Гастрономија
(се поиспече) Се испече уште малку.
Албански: pjek edhe pak
Примери:
Лебот треба да се поиспече.

поопече повеќе

Види и: опече (св.)
поопечат
Вид збор: Глагол, свршен
Опече, изгори малку, во помал степен.
Примери:
Јакото сонце ја поопече.
поиспече
(се поопече) Се опече малку, во помал степен.

попече повеќе

Види и: пече (несв.)
попечат
Вид збор: Глагол, свршен
Пече малку, кратко време.
Албански: pjek pak
Примери:
Го попече лебот уште малку и го извади од фурната.
(се попече) Се пече малку, кратко време или уште малку.
Албански: piqet
Примери:
Лебот треба уште малку да се попече.