battlefield - онтологија

боиште повеќе

мн. боишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се бие битка, бојно поле.
Употреба: Воен термин
Примери:
И даде господ, некако се стиши боиштето.

мегдан повеќе

мн. мегдани
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се води борба.
Албански: sheshlufte
Употреба: Архаизам , Воен термин
Примери:
На мегданот имаше многу мртви војници.

поприште повеќе

мн. попришта
Вид збор: Именка, среден род
Место на дејствување, поле за некаква дејност.
Албански: fushëbetejë
Употреба: Воен термин
Примери:
Воено поприште.
Период на животна дејност, активност; самата дејност, професија занимање.
Албански: fushëbetejë
Примери:
Едно друго поприште му изгледаше тогаш попримамливо во неговиот живот.

фронт повеќе

мн. фронтови
Вид збор: Именка, машки род
Место, реон каде што се одвиваат воени дејства, бојно поле.
Албански: fushë beteje
Употреба: Воен термин
Примери:
Штом оздраве, пак се врати на фронтот.