фронт
мн. фронтови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1822
1.
Челна, предна борбена линија на војските.
Примери:
Фрлија нови сили на фронтот.
(разг.) Го напушти фронтот.
на два фронта
на широк фронт
2.
Место, реон каде што се одвиваат воени дејства, бојно поле.
Примери:
Штом оздраве, пак се врати на фронтот.
Сите работеа за фронтот.
Се враќаа од фронтот.
3.
Највисока оперативна единица - група армии под водството на еден командант.
Примери:
единиците на Источниот фронт
4.
Подрачје на државна или општествена дејност.
Примери:
на идеолошкиот фронт
Слично со:
подрачје (ср.)
5.
Општествена организација, обично за политичка дејност.
Примери:
народен фронт