другаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дружи, живее другарски, е другар/другарка со некого.
Примери:
Другаруваат од деца.
(се) дружат
Вид збор: Глагол, несвршен
другарува
Примери:
Пејачот денес ќе се дружи со своите фанови.
(се) заарнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зближи со некого, се спријатели.
Примери:
Тие беа скарани, ама сега се заарнија.
задругаруваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да другарува.
Примери:
Тие задругаруваа уште од мали.
зближат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зближи) Стане близок со некого, се спријатели.
Примери:
Многу брзо тој се зближи со него.
здружат
Вид збор: Глагол, свршен
спријатели, зближи
Примери:
Сиромаштијата ги здружи селаните.
(се здружи) се спријатели, се зближи
Примери:
Со време децата од двете улици се здружија и заборавија на расправијата.
здушат
Вид збор: Глагол, свршен
(за животно) Направи да не чувствува некого како непријател, како туѓ.
Примери:
Ги здушиле двете стада.
(за човек) Направи да се спријатели.
Примери:
Ги здушиле младенците.
(се здуши) За човек - се зближи, се спријатели.
Примери:
Се здушија новодојдените со староседелците.
Вид збор: Глагол, свршен
Дружи некого кратко време.
Примери:
Го подружи некое време.
(се подружи) Се дружи кратко време со некого.
Примери:
Се подружија малку, ама не се согласуваа многу, па секој си тргна по својот пат.
Вид збор: Глагол, свршен
Развие поблиски, пријателски односи.
Примери:
Заедничкото патување ги позближи.
(се позближи) Се зближи, се спријатели, стане близок со некого.
Примери:
Тие се позближија и си ги кажуваа тајните.
приврзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се приврза) се зближи, се спријатели
Албански:
afrohet, lidhet
Примери:
Учениците се приврзаа за наставниците.
спријателат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некои да станат пријатели, здружи.
Примери:
Ги спријатели и заедничката несреќа.