beg - онтологија

божјачи повеќе

божјачат
Вид збор: Глагол, несвршен
проси, пита
Примери:
Тој божјачи пред црковните порти секоја недела.

домоли повеќе

Види и: моли (несв.)
домолат
Вид збор: Глагол, свршен
Постигне нешто со молење.
Примери:
Ја домоли мајка си да ѝ купи нов фустан.

замоли повеќе

Види и: моли (несв.)
замолат
Вид збор: Глагол, свршен
(се замоли) се моли
Албански: lutem, lyp
Употреба: Разговорно , Ретко
Примери:
Тој му се замолил на постариот брат да му даде пари на заем.

запека повеќе

запекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пека, да моли, да преколнува за да добие нешто.
Албански: fillon të lus
Примери:
Детето запека за нова играчка.

запита повеќе

(се) запитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пита, да проси.
Албански: fillon të lyp
Примери:
Тој запита по селата.

запроси повеќе

запросат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да проси, да пита.
Албански: lyp, lus
Примери:
Тие запросија по околните села.

измоли повеќе

Види и: моли (несв.)
измолат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие, изнуди нешто со молење.
Албански: lutem
Примери:
Тие измолија средства од општината за нивниот проект.
Со молење, наговори некого да направи нешто.
Албански: lutem
Примери:
Децата ја измолија старата да им раскаже приказна.
(се измоли) Со молење добие нешто.
Албански: lutem
Примери:
Работниците се измолија за повисока дневница.

испека повеќе

Види и: пека (несв.)
испекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измоли со пекање, со големо настојување.
Албански: lutem me insistim
Примери:
Испека да оди на летување со другарките.

испроси повеќе

Види и: проси (несв.)
испросат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие нешто со просење, со молење.
Примери:
Денес ни еден мангар не испросив.

испросјачи повеќе

Види и: испроси (св.)
испросјачат
Вид збор: Глагол, свршен
испроси

коленичи повеќе

коленичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Моли некого за нешто.
Албански: lus në gjuj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Коленичи за парче леб.

куми повеќе

кумат
Вид збор: Глагол, несвршен
Моли некого, преколнува.
Примери:
Ме молеше и кумеше.

моли повеќе

молат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се обраќа некому со молба, бара од некого да направи нешто.
Албански: lutem
Примери:
Го молев да ме прими на разговор.
(се моли) Покорно моли.
Албански: lutem
Примери:
Му се молеше за милост.

намоли повеќе

Види и: моли (несв.)
намолат
Вид збор: Глагол, свршен
Со упорно молење постигне, добие нешто.
Албански: lus, lyp
Примери:
Одвај го намоли да му ја заврши работата.
(се намоли) Помине долго време во молење.
Албански: lus, lyp

напроси повеќе

напросат
Вид збор: Глагол, свршен
Со просење добие нешто.
Албански: lyp
(се напроси) Помине долго време во просење.
Албански: lyp gjatë

одмоли повеќе

одмолат
Вид збор: Глагол, свршен
Со молење издејствува нешто.
Албански: lus
Примери:
Детето го одмоли соседот да му ја врати топката.
(се одмоли) Со молење издејствува нешто за себе.
Албански: lus
Примери:
Се одмоли да не го казнуваат.

пека повеќе

пекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Моли плачејќи, настојувајќи многу.
Албански: lus
Примери:
Туку му пекал да му ја сврши работата.
Има голема потреба за нешто.
Албански: lus, kërkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Земјава пека за вода.

пита повеќе

питаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бара милостина.
Примери:
Ќе пита и ќе се храни, ама нема да му се моли.

помоли повеќе

помолат
Вид збор: Глагол, свршен
(се помоли) Се моли некому; замоли некого.
Албански: lyp, lus
Примери:
Му се помолил на комшијата да му помогне.

попита повеќе

Види и: пита (несв.)
(се) попитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пита, проси малку, кратко време.
Употреба: Ретко
Примери:
Тој седна пред влезот да попита некоја пара.

попроси повеќе

Види и: проси (несв.)
попросат
Вид збор: Глагол, свршен
Проси малку, некое време.
Примери:
Попроси пред вратата и си замина.

проси повеќе

просат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бара милостина.
Албански: lyp
Примери:
Проси милостина пред црквата.