бара
бараат; барав, бараше; барал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 157
1.
Сака, посакува нешто од некого; му сака нешто на некого.
Примери:
Гостите бараа вечера од домаќинот.
Тој му бараше само еден сок, ништо друго.
Слично со:
посакува (несв.)
2.
Изискува, има потреба за нешто.
Примери:
Обичајот бара така да се каже и така да се одговори.
Душата му бара починка.
Бара спас, бара утеха, бара прием.
3.
Настојува да најде некого или нешто.
Примери:
Ги бараше децата.
Си го бараше чедото.
Го бара изворот.
Слично со:
тражи (несв.)
4.
(се бара) Се труди, прави напор да се најде, да се осознае, да се открие себеси.
Англиски:
seek
Албански:
përpiqet të kërkoj
Ако е во прашање талент, нека се бара пак себеси.