beside - онтологија

воз повеќе

Вид збор: Предлог
По, покрај, крај.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Одам воз река.

до повеќе

Вид збор: Предлог
Простор, близина, непосредно соседство, местоположба покрај некого или нешто.
Примери:
До куќата имаше неколку стари греди.

искрај повеќе

Вид збор: Предлог
покрај
Употреба: Архаизам

крај повеќе

Вид збор: Предлог
Означува непосредна близина, соседство на еден предмет со друг.
Албански: pranë
Примери:
Кај нас ѓубрето често се фрла крај патот.

освен повеќе

Вид збор: Предлог
Покрај, одделно од нешто.
Примери:
Освен основниот проблем, внимание предизвика и ставот на рускиот претставник.

покрај повеќе

Вид збор: Предлог
Место на одвивање на дејство, положба во непосредна близина на нешто.
Примери:
Поминав покрај тебе, а ти не ме виде.
Нешто што е непосредно или што се извршува паралелно со нешто друго.
Примери:
Покрај толку проблеми, сега треба да се грижам и за твојата болна тетка.

уз повеќе

Вид збор: Предлог
покрај
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ја остави торбата на земја уз него.