до
Вид збор: Предлог
Ранг: 94
1.
Простор, близина, непосредно соседство, местоположба покрај некого или нешто.
Англиски:
beside
До куќата имаше неколку стари греди.
Се поздрави и седна до него.
2.
Досегање до некоја граница, вршење дејство до определено место.
Англиски:
until
Дојдов до потокот и се вратив.
Книгата ја прочита само до средина оти не беше интересна.
3.
Близина на истородни поими во некаква нареденост.
Англиски:
close
(нар.поез.) Коњ до коња, јунак до јунака.
Сето кажување му беше лага до лага.
4.
Насоченост на дејството кон внатрешноста на објектот.
Скокни до самопослугата да купиш кафе.
5.
Граничен временски период до кој досега некое дејство.
Англиски:
until
До пензионирањето останал директор.
Сметавме дека е така сè до твоето објаснување.
6.
Нагласена крајна фаза на некое дејство, резултат или последица од некое дејство.
Англиски:
until
Се бореле до уништување.
Вратните жили му набрекнале до прснување.
7.
временска отсечка
По неколкуте гранични инциденти, дојде до заладување на односите.
8.
желба, намера, цел
Кому му е до пеење, нека си пее.
Не ми е до смеење.
10.
причина, зависност
До фудбалот е, не е до радиопреносите.
11.
Упатеност, насоченост кон некого или кон нешто.
Се обратив до Министерството за труд и социјална политика.
12.
Истакнување, потсилување на некој збор во исказот.
(нар.поез.) Ја почекај да ти кажам, до два збора, до два изгора.
13.
сè, целосно
Примери:
До што беше живо, сè избега од селото.
14.
Заедно со од, крајна точка на нешто во однос на некој познат почеток.
Англиски:
till
Од Скопје до Охрид се одело само преку Битола.
Се веселеле од недела до недела.
Изрази
До бога - извик за силно чувствено реагирање.
До век/До гроб /До живот - до крајот на животот.
До еден - секој, сите, до последен.
Од игла до локомотива - изобилство, сè, сешто.
Од ноќ до ноќ - постојано, без прекин.
Изведенки
до прил.
(нар. поез., разг.) До што; сите до еден.
Пример: Да претресат до што е партал на него. До што пресеков лубеница беа како твојата уста.
(нар. поез., разг.) До што; сите до еден.
Пример: Да претресат до што е партал на него. До што пресеков лубеница беа како твојата уста.