binoculars - онтологија

бинокл повеќе

мн. бинокли
Вид збор: Именка, машки род
Оптичко средство за набљудување во далечина што се фиксира на носот со мал лост или со една рачка, што се држи в рака.
Примери:
Командантите со бинокли ги гледаа јавачите.

двоглед повеќе

мн. двогледи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за набљудување оддалечени предмети.
Примери:
Со двогледот ја посматраше границата.

дулбија повеќе

Види и: дуљбија (ж.)
мн. дулбии
Вид збор: Именка, женски род
дуљбија
Употреба: Архаизам

дуљбија повеќе

мн. дуљбии
Вид збор: Именка, женски род
дурбин
Употреба: Архаизам
Примери:
Гледаше низ полето со дуљбија.

дурбин повеќе

мн. дурбини
Вид збор: Именка, машки род
двоглед
Турски: dürbün
Примери:
Гледа со дурбин.

карадузен повеќе

мн. карадузени
Вид збор: Именка, машки род
дурбин
Албански: dylbi, dyrbi
Употреба: Архаизам