bodyguard - онтологија

бодигард повеќе

мн. бодигарди
Вид збор: Именка, машки род
телохранител, обезбедувач, гаваз
Примери:
вооружени бодигарди

булдог повеќе

мн. булдози
Вид збор: Именка, машки род
Телохранител, чувар, лично обезбедување.
Албански: truproje
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Пред него и зад него одеа неговите булдози, телохранители.

гаваз повеќе

мн. гавази
Вид збор: Именка, машки род
Личен чувар на лице на висока позиција или дипломат.
Турски: kavas Албански: truproje
Употреба: Архаизам
Примери:
Дојде бегот со двајца гавази за да го заплашува народот.

обезбедувач повеќе

мн. обезбедувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што обезбедува некого или нешто.
Примери:
обезбедувач во банка

телохранител повеќе

мн. телохранители
Вид збор: Именка, машки род
Телесна стража.
Употреба: Книжевен збор