Иронично - категорија

беседи повеќе

беседат
Вид збор: Глагол, несвршен
Долго разговара.
Англиски: talk Албански: flet gjatë
Примери:
Тие беседеа со мезе и со пијачка, како да врзуваа некакви кумства.

бечвар повеќе

мн. бечвари
Вид збор: Именка, машки род
За човек што носи бечви или што е неспастрен.
Англиски: primitive man Албански: njeri i pagdhendur
Примери:
Се влечат бечвари по ридот.

бирократ повеќе

мн. бирократи
Вид збор: Именка, машки род
чиновник, строг формалист
Англиски: bureaucrat Албански: byrokrat
Примери:
бирократ во работата

блекне повеќе

блекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто.
Англиски: say Албански: blegëroj, flas
Примери:
Блекни нешто!

братија повеќе

мн. братии
Вид збор: Именка, женски род
друштво, група
Англиски: group Албански: komunitet, grup
Примери:
Целата братија живее во стари размандалени пијани куќарки.

булдог повеќе

мн. булдози
Вид збор: Именка, машки род
Телохранител, чувар, лично обезбедување.
Англиски: bodyguard Албански: truproje
Примери:
Пред него и зад него одеа неговите булдози, телохранители.

буџа повеќе

мн. буџи
Вид збор: Именка, машки род
Важна личност најчесто од политичкиот свет.
Англиски: boss
Примери:
Живееме од ѓубрето што го собираме од кантите на буџите, рече бездомникот.
а - б - в - г - д - з - ѕ - и - ј - к - м - н - о - п - р - с - у - ф - х - ш