купат
Вид збор: Глагол, свршен
Привлече на своја страна со мито, ласкање.
Примери:
Ги купил судиите.
подмачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде мито, поткуп.
Примери:
Тој добро ја подмачка работата кај попот.
подмитат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде мито, поткупи некого.
Примери:
Изгубивме затоа што го подмитиле судијата.
поткупат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поткуп, подмити.
Примери:
Се обиде, но не можеше да ме поткупи.
потплатат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткупи, подмити некого.
Албански:
mitoj, blej me ryshfet
Примери:
Тој ги потплатил сведоците.
мн. рушвети
Вид збор: Именка, машки род
бакшиш, поткуп, мито
Примери:
Бродот бил пропуштен од царинските служби во пристаништето или од невнимание, што е тешко да се поверува, или заради земен рушвет.