broken - онтологија

искршен повеќе

Види и: искрши (св.)
искршениот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) искрши
Примери:
искршен предмет

испокршен повеќе

Види и: испокрши (св.)
испокршениот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) испокрши
Примери:
испокршени шишиња

кршен повеќе

кршни
Вид збор: Придавка
Што е скршен, што не е цел.
Примери:
Дај од кршениот леб.

мртов повеќе

мртва
Вид збор: Придавка
Што не служи за намената, што не работи.
Албански: i vdekur
Примери:
мртов кабел

неисправен повеќе

неисправниот
Вид збор: Придавка
За апарат, машина - што не работи, што е расипан, на кој нешто му недостига.
Примери:
неисправен телевизор, неисправен мотор

отепан повеќе

отепаниот
Вид збор: Придавка
Духовно скршен.
Примери:
Отепан од судбината.

прекршен повеќе

Види и: прекрши (св.)
прекршени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) прекрши
Примери:
прекршени договор

расипан повеќе

расипани
Вид збор: Придавка
Што не работи, не може да се употреби.
Примери:
расипан апарат

скршен повеќе

Види и: скрши (св.)
скршени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) скрши
Примери:
Намерно скршена чаша.

шут повеќе

шутиот
Вид збор: Придавка
За стомна, барде, грне - со скршена рачка или устинка.
Примери:
шута стомна